Со медитеранска исхрана до помал ризик од деменција

Практикувањето на медитеранскиот начин на исхрана, што опфаќа широк спектар на вкусна храна, како риба, овошје, зеленчук и мешунки, може да го намали ризикот од деменција дури и кај оние кои имаат семејна историја на болеста.



Студијата на BMC Medicine журналот ги следела навиките во исхраната и здравјето на повеќе од 60.000 луѓе на возраст од 60 години и повеќе во текот на девет години. Авторите на студијата откриле дека речиси 900 од учесниците развиле деменција, а оние кои јаделе само медитеранска исхрана имале речиси 25% помал ризик од развој на деменција.

Слични резултати покажа и студијата од 2021 година во која беа опфатени 500 постари лица. Откриено е дека оние кои следат медитеранска исхрана имаат помала веројатност да доживеат намалување на мозокот и намалени нивоа на абнормални протеини поврзани со појава на Алцхајмерова болест.

Најновата студија, исто така покажува како медитеранската исхрана може да го намали ризикот од деменција кај луѓето со семејна историја на оваа болест. Претходните истражувања покажуваат дека ако имате близок роднина со Алцхајмерова болест, најчестиот тип на деменција, вашиот ризик се зголемува за околу 30%.

Авторите на студијата пресметале резултат на генетски ризик за учесниците врз основа на 250.000 генетски варијанти поврзани со Алцхајмеровата болест. Истражувањето покажа дека оние чија исхрана е најтесно усогласена со медитеранската исхрана, имале 23% помали шанси да развијат деменција во текот на деветте години од студијата, отколку оние кои најмалку се придржувале на диетата.

Главната порака од оваа студија е дека, дури и за поединци со поголем генетски ризик, косумирањето на повеќе медитеранска исхрана може да ја намали веројатноста за развој на деменција.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 17.03.2023 16:31:14