Ново покачување на платите во „КАМ маркет“

И во услови на инфлација и влошени економски услови, „КАМ“ останува доследен на сопствената политика за грижа и развој на човечкиот капитал и континуирано зголемување на платите на вработените.

„КАМ“ ги зголеми платите на своите вработени и со февруарската плата реализираше ново покачување во најголемите сектори во компанијата, продажба и логистика, со што во последните 12 месеци зголемувањето достигна 20% во секторот продажба, додека во секторот логистика овој процент достигнува до 25%.

Во изминатите 12 месеци просечната исплатена нето-плата во „КАМ“ за сите вработени е големена за 18,5%.

Значајно место во програмата за грижа и развој на човечките ресурси на „КАМ“ има и проектот за поддршка на дуалното средно образование. Во изминатиот период компанијата склучи оговори за соработка со 8 средни училишта, од кои педесетина ученици веќе се активно вклучени во работните процеси во „КАМ“. Живееме во комплексни времиња, но остануваме доследни на редовно имплементирање на сопствените програми за грижа и развој на човечкиот капитал и грижа за нашите вработени.

Зголемувањето на платите е само една од ставките предвидени во нашата програма. Листата на бенефиции за вработените, која вклучува исплата на регрес од 33.000 денари, слободен ден за роденден, ваучер за склучен брак, пакет производи за Бадник и Божиќ, попусти за одмор во хотелот „Вилиџ“, постојано ја дополнуваме затоа што веруваме дека една од најважните алки во синџирот за успех на една компанија се токму вработените. Во 2023 година „КАМ маркет“ им овозможи и нови дополнителни бенефиции на лојалните вработени. Остануваме посветени на подигнување на стандардот и грижата за вработените – велат од „КАМ“.

Извор:  MIA
Објавена на 17.03.2023 12:36:48