Футурама

„Microsoft“ додава вештачка интелигенција во „Office“

„Microsoft“ објави нови планови за вештачката интелигенција и достапноста за повеќе корисници до неа, како одговор на достигнувањата на „соперникот“ „Google“ во истата област.



„Microsoft“ вчера го претстави новиот „Копилот“ т.е. асистент со вештачка интелигенција, за новиот пакет „Microsoft Office 365“ што вклучува „Word“, „Excel“, „PowerPoint“ и „Outlook“. Овие програми во иднина ќе може „да разговараат“ со корисникот преку вештачка интелигенција, што, како што се наведува, веќе го докажа својот потенцијал. Ваквата технологија учи од веќе постоечките и достапни податоци заради креирање нова содржина.

- Веруваме дека оваа следна генерација вештачка интелигенција ќе донесе нов бран на раст на продуктивноста, изјави извршниот директор на „Microsoft“, Сатја Надела, на денот кога акциите на компанијата пораснаа околу четири отсто.

Потпретседателот на „Microsoft“, Џон Фридман додаде дека разговорот со апликацијата е од огромно значење за учењето на една таква програма.

- Корисникот, на пр., може да побара „Кажете му на мојот тим како да ја ажурира стратегијата на производот“, а вештачката интелигенција ќе повлече податоци од мејлот, состаноците и разговорите од тоа утро. А, на долг рок, вештачката интелигенција треба да биде поперсонализирана... Често ги принудуваме луѓето да се прилагодат на машините и системите што ги градиме. Ова е нешто што ќе почне да се прилагодува на вас, нагласи Фридман.

Компанијата „Open - AI“, што ја создаде апликацијата, оваа недела ја објави и новата верзија „GPT-4“. Таа ги има функциите на „Копилот“, кои „ќе охрабрат повеќе луѓе да го користат „Office“пакетот и ќе го одвои уште повеќе од конкурентите”.

Извор:  МИА
Објавена на 17.03.2023 12:07:16