ФОТО: Холивудските ѕвезди позираат пред камерите на Vanity Fair

Како и секоја година, така и оваа, дружењето по доделувањето на Оскарите продолжува на традиционалната забава организирана од Vanity Fair.

Актери, режисери, продуценти, менаџери, агенти, музички ѕвезди и многу други лица од светот на шоубизнисот продефилираа пред фотографите, непосредно пред да се опуштат и да уживаат во забавата. Како и секогаш, модниот избор на некои од нив, беше малку попровокативен од вообичаено, но сè во интерес на тоа да бидат забележани.

Еве како изгледаа некои од ѕвездите кои присуствуваа на забавата, што се одржа, во Центарот за изведувачки уметности „Волис Аненберг“ во Беверли Хилс.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 13.03.2023 11:24:48