Кралското семејство ја пропушти крштевката на Лилибет и покрај поканата од Хари и Меган

Меган Маркл и принцот Хари ги поканиле членовите на кралското семејство на крштевката на нивната ќерка принцезата Лилибет минатиот петок, дознава PEOPLE.

Според извор, војводата и војвотката од Сасекс упатиле покана до кралот Чарлс, кралицата Камила, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, но тие не биле присутни на настанот.

Анонимен извор за PEOPLE раскажува дека на интимниот собир во петокот имало помеѓу 20 и 30 гости, вклучувајќи ја мајката на Меган, Дорија Рагланд, кумот на Лилибет, Тајлер Пери и неименувана кума. Портпаролот на војводата и војвотката од Сасекс ја потврди крштевката.

 -Можам да потврдам дека принцезата Лилибет Дијана беше крстена во петок, на 3 март од бискупот во Епископската епархија во Лос Анџелес, свештеникот Џон Тејлор“. Откако нивниот дедо Чарлс стана монарх по смртта на кралицата Елизабета минатиот септември, на Арчи (3) и на Лилибет им беа доделени титулите на принц и принцеза според правилата утврдени од кралот Џорџ V во 1917 година.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 09.03.2023 09:58:41