Подобар сон -подобра диета

Заборавете на скапите суплементи и теретани, доколку сакате да ја направите својата диета поефикасна, тогаш сè што ви треба е добар сон.



Истражувачите од Универзитетот од Питсбург набљудувале 125 возрасни лица со BMI (Индекс на телесна тежина) во групата со прекумерна тежина додека биле на 12-месечна програма за слабеење и го споредувале нивниот сон со нивната способност да се придржуваат до целите на исхраната и вежбањето. Тие го мереле сонот врз основа на тоа колку долго учесниците поминале во кревет, колку е конзистентно нивното време за спиење и дали се чувствуваат одморени.

Истражувачите откриле дека учесниците кои имале подобри резултати во спиењето воедно полесно ја спроведувале својата диета. Тие, исто така, имале тенденција почесто да вежбаат.

-Резултатите сугерираат дека оптимизирањето на спиењето може да доведе до подобро придржување кон промените во животниот стил, вели Кристофер Е. Клајн, водечки автор на студијата и вонреден професор на Универзитетот во Питсбург.

Претходна студија од истите истражувачи покажа дека доброто спиење, исто така, помага да согорите повеќе масти додека губите тежина.

Да се ​​биде добро одморен, игра улога и во апетитот, при што некои истражувања откриле дека луѓето кои добро спиеле намалуваат 270 калории дневно без да менуваат други навики

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 06.03.2023 14:00:54