Револуција во индустријата за убавина: Хидратантен крем кој изгледа како хартија

Несесерите за шминка во иднина може да станат многу полесни благодарение на “дехидрираниот“ хидратантен крем во форма на хартија.



На производот, изработен од тенок материјал кој изгледа како хартија, му треба само капка вода зa да се претвори крем. При создавањето на овој продукт се користел процес за одделување на маслото и водата, па сега хидратантна крема доволна за месец дена може да се смести во сад со дијаметар од 3 см.

Професорот Шенг Чи, која го создаде прототипот на хидратантниот крем на Универзитетот во Источна Англија, вели дека технологијата може да се користи за креми за сончање, шампони и регенератори.

-Можете да го носите овој хидратантен крем во мала хартиена торбичка, како што обично носите бонбончиња за здив. Потребна е само една капка вода за да се рехидрира и да стане крем, вели таа и додада дека повеќето козметички производи содржат големи количества вода, па поради тоа пакувањата имаат поголем волумен и гломазна амбалажа.

Технологијата на дехидрирање не опфаќа користење на топлина, што значи дека протеините, пептидите и сличните состојки остануваат добро сочувани.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 06.03.2023 10:48:00