Футурама

„Мета“ воведува претплата за верификување профили на Facebook и Instagram

Сопственикот на компанијата „Мета“, Марк Закерберг најави дека корисниците на Facebook и Instagram ќе можат со претплата да ги верификуваат своите профили на овие платформи.

Со функција наречена „Meta Verified“, корисниците ќе може, покрај тн. „син беџ“, да добијат и дополнителна заштита од лажно претставување, како и директен пристап до поддршката за корисници. Услугата ќе чини 11,99 долари односно - 14,99 долари месечно за уредите на „Apple“ и „Android“.

Опцијата за оваа претплата за првпат ќе биде пуштена во Австралија и Нов Зеланд. Компанијата „Мета“, како што пренесуваат западни медиуми, била незадоволна од фактот што од „Apple“ ја смениле својата политика за приватност во 2021 година, коешто го оневозможувало следењето на активностите на корисниците на „iPhone“ од трети страни. Со тоа, „Мета“ е лишена од изворите на податоци што ги користи за своите реклами за одредени целни групи.

„Мета“ во февруари лани објави дека промените што ги воведе „Apple“ ќе ја чинат компанијата повеќе од 10 милијарди долари.

Извор:  МИА
Објавена на 20.02.2023 14:51:58