Омнибус

Соларни панели ќе го напојуваат новиот аеродромски терминал во Њујорк

Новиот терминал 1 на Меѓународниот аеродром „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк, САД, наскоро делумно ќе се напојува најголемата мрежа кровни сончеви панели во градот, објави „Business Insider“.



Откако ќе биде завршен, новиот енергетски систем ќе се состои од повеќе од 13.000 соларни панели, што го прави најголемиот во Њујорк и на кој било аеродромски терминал во САД.

Новиот проект ќе се состои од мрежа со 11,34 мегавати електрична енергија од панели на покривот, гасни горивни ќелии, акумулаторни батерии, како и систем за ладење и загревање на водата. Иницијативата ќе биде предводена од „AlphaStruxure”, со заедничко вложување со приватната компанија „Carlyle Group” и француската „Schneider Electric”.

– Решавањето на нашиот енергетски предизвик се сведува на три работи – електрификација, дигитализација и декарбонизација, со добивање повеќе електрична енергија од обновливи извори. Микромрежите се клучот за постигнување на сѐ ова, изјави Анет Клејтон, извршна директорка на „Schneider Electric”за Северна Америка.

Во однос на производството, тој ќе генерира приближно онолку енергија колку што би потрошиле 3.570 просечни американски домаќинства за една година. Од енергетските полиња, три ќе бидат завршени до 2026-та, а последниот ќе биде пуштен во 2029-та година

Извор:  МИА
Објавена на 30.01.2023 10:27:07