ЕУ ги продолжи економските санкции кон Русија

Советот на ЕУ денеска ја продолжи важноста на рестриктивните мерки насочени кон одредени сектори на економијата на Руската Федерација за шест месеци, до 31 јули.



Санкциите првпат беа воведени во 2014 година како одговор на руските активности за дестабилизација на ситуацијата во Украина, а значително беа проширени од февруари 2022 година, откако Русија ја изврши агресијата врз Украина.

Во моментов, санкциите опфаќаат широк опсег на секторски мерки, вклучувајќи ограничувања на трговијата, финансирањето, технологијата и стоките со двојна употреба, индустријата, транспортот и луксузните стоки, соопшти Советот на ЕУ.

Тие, исто така, вклучуваат забрана за увоз или пренос по море на сурова нафта и нафтени деривати од Русија во ЕУ, исклучување на неколку руски банки од механизмот SWIFT и суспензија на преносите и лиценцирањето на медиумите поддржани од Кремљ и ширење на дезинформации.

Покрај економските санкции против Руската Федерација поради Украина, на сила се и други видови мерки, како што се дипломатски мерки и мерки против поединци и субјекти.

Извор:  МИА
Објавена на 27.01.2023 16:54:02