Бритни Спирс лута на обожавателите што ѝ викнаа полиција

Се чини дека Бритни Спирс им е лута на добронамерните обожаватели откако од полицијата било побарано да изврши проверка на благосостојбата на пејачката.



Спирс била пречекана од службеници во нејзиниот дом во Thousand Oaks, откако го избриша нејзиниот Инстаграм профил по седми пат за помалку од една година - постапка што предизвика загриженост кај нејзините следбеници.

Полицијата утврдила дека нема причина да се верува дека Бритни е во опасност, но се вели дека таа била мошне вознемирена од нивната неочекувана посета.

Бритни го избриша својот профил неколку дена по објавата дека го сменила името во Ривер Ред и танцувањето во црвена маичка со логото на „Кока-Кола“.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 26.01.2023 14:05:46