Тајланѓанката Ана Суангам-ијам ја освои наградата „Придонес во лидерство“ на овогодишниот натпревар „Мис универзум“, а потоа на својот Инстаграм-профил сподели како и зошто е создаден нејзиниот „рециклиран“ фустан.
Според Мис Тајланд, фустанот е потсетник на нејзиното детство. Нејзините родители работеле како собирачи на ѓубре, па затоа одлучила да направи фустан од рециклиран материјал, т.е. од употребени отворачи на лименки.
-Овој фустан беше инспириран од познатото опкружување на моето детство. Растејќи со родители кои беа чистачи, мојот живот како дете беше опкружен со купишта отпад и средства за рециклирање. Овој уникатен фустан беше намерно направен од ѓубре и рециклирани материјали, особено ‘Мис универзум’ покажа дека она што многумина го сметаат за безвредно, всушност има своја вредност и убавина“, се вели во објавата на Инстаграм.
Блескавиот вечерен сребрен фустан на Ана Суангам-ијам е дизајниран од „Манират“. Направен е од отворачи и калај, а секое парче лименка има дијамант „Сваровски“.