Омнибус

„Мајкрософт“ и „Орео“ создадоа специјални колачиња

„Мајкрософт“ и „Орео“ повторно ги здружија силите и создадоа специјални колачиња. Станува збор за шест различни дизајни на „Орео“ колачиња на тема – видеоигрите за „Xbox“. Од нив, едниот го содржи логото на „Xbox“, а останатите ги претставуваат копчињата на џојстикот.



Колачето е со вкус на класичната „Орео“ комбинација на чоколадо и крем, а пакувањата ќе содржат и специјални шифри за видеоигрите, како што се „Halo Infinite“ „Forza Horizon 5“ и „Sea of Thieves“.

Специјалните пакувања од колачињата ќе бидат достапни во 22 земји, но залихите се ограничени. „Мајкрософт“ не открива за кои држави станува збор.

Извор:  МИА
Објавена на 10.01.2023 12:12:30