Омнибус

Хотел за камили – успешен проект во Саудиска Арабија

Саудиска Арабија го има првиот хотел во светот кој служи за згрижување камили. Имено, додека ја извршуваат својата секојдневна работа, Саудијците кои се наоѓаат близу хотелот „Татман“, можат да ги остават своите камили во ова пустинско одморалиште.



Местото располага со 480 „соби“, за по една или две камили. Престојот со „полн пансион“ вклучува храна за камили со додаден јачмен и чини околу 100 долари за ноќ. Млекото се доплаќа дополнително, по 27 долари од ден.

– Овде се нудат услуги кои опфаќаат медицински прегледи, чување и обезбедување на камилите. Тоа прави да се чувствувате безбедно, а вашите камили – удобно. Сепак, полната понуда чини повеќе од 1.000 саудиски ријали наместо 400, додаде Ел Давсари, корисник на услугите на „Татман“.

Инаку, камилите мора да поминат лекарски преглед за сопственикот да ги регистрира во хотелот.

Извор:  МИА
Објавена на 05.01.2023 15:00:10