„Balenciaga“ се извини за скандалозната кампања со деца

Познатиот моден бренд „Balenciaga“ ја објасни причината за лансирањето на скандалозната кампања со слики на деца кои позираат со играчки за возрасни и алкохол. Тие објавија и соопштение во коешто се извинуваат за рекламата што сега е повлечена и отстранета.



-Остро го осудуваме насилството врз децата, никогаш не ни беше намера да ги вклучиме во оваа наша приказна. ,,Balenciaga“ ја презема сета одговорност. Чанти со плишани мечиња и колекцијата подароци не требаше да се поврзуваат со деца. Ова беше погрешен избор од наша страна, споено со неуспехот при оценувањето и потврдувањето на фотографиите. За тоа сме одговорни единствено ние, објаснуваат тие во соопштението и велат дека се спроведува внатрешна истрага за одговорност за таквиот превид.



Инаку, оваа рекламна кампања, меѓу другите, ја критикуваше и Ким Кардашијан, која веќе извесно време работи со „Balenciaga“.

Извор:  МИА
Објавена на 29.11.2022 09:21:19