4 причини поради кои треба да јадете ананас

Ананасот е тропско овошје кое расте на локации како Костарика, Бразил и Филипините и нуди значителни здравствени придобивки, без разлика дали се јаде како дел од овошна салата, како додаток на бургери, во смутија и слично.

1) Одличен е за стомакот



Ананасот може да ја намали подуеноста, а уникатен е по тоа што е одличен извор на бромелаин – дигестивен ензим кој помага во варење на храната која содржи протеини. Тој исто така содржи и влакна кои помагаат при дигестијата.

2) Помага да заспиете

Една шолја ананас содржи 20 милиграма магнезиум, што е околу 6% од препорачаниот дневен внес. Магнезиумот помага во регулирање на крвниот притисок, функцијата на нервите и мускулите, како и за транспортот на калиумот во телото, а исто така помага за подобар сон.

3) Содржи калиум

Уште една хранлива состојка која ананасот ја содржи е калиумот – 180 милиграма во шолја, околу 7% од препорачаната дневна доза. Храната со калиум помага во намалување на крвниот притисок, а калиумот исто така е важен електролит кој асистира во функцијата на мускулите и бубрезите.

4) Одличен е за имунолошкиот систем

Ананасот е богат со Ц витамин. Една студија покажала дека децата кои редовно јаделе ананас помалку се разболувале од оние кои не го правеле тоа.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 15.11.2022 10:12:35