Запоставувањето на детето поради телефонот носи можни лоши трајни последици

Паметните телефони се голем дел од човековото секојдневие, па лекарите предупредуваат дека тоа станува сериозен светски проблем. На пример, родителите кои ги игнорираат своите деца и минуваат доста време на своите паметни телефони, ги изложуваат децата на опасност од депресија, сметаат стручњаците.



Кинески научници кои проучувале 530 ученици на возраст од 10 до 18 години за да видат дали се жртви на тој вид запоставување дошле до интересни податоци. Имено, децата чии родители биле „опседнати“ со телефонот, покажале поголеми симптоми на депресија при пополнувањето на прашалникот од оние чии родители не биле често со мобилните во рака.

-Запоставувањето од родителите е сè почеста појава, при што родителот го користи мобилниот телефон во интеракциите со своите деца, а тие се чувствуваат исклучени, објаснуваат научниците во напис објавен во „Журнал“.

Така, примерите за родителско запоставување вклучуваат „редовно“ проверување на телефонот за време на оброците и постојано гледање во екранот и известувањата на него. Кинескиот научен труд содржел и прашања за учениците, меѓу другото, и за рангирањето, по своите гледишта, за родителската топлина и отфрлањето. Лицата кои учествувале во истражувањето биле на возраст меѓу 10 и 18 години.

Податоците говорат дека родителите колку повеќе време минуваат со паметниот телефон во рака, толку е поголема веројатноста децата да развијат депресија или анксиозно нарушување.

Односно, децата на родителите кои се „врзани за нивните телефони“ се чувствувале лошо, отфрлено и добиле помалку внимание од возрасните, за кои, пак, сметаат дека се повеќе заинтересирани за екранот, отколку да им посветат внимание ним, тврдат стручњаците.

Извор:  МИА
Објавена на 27.10.2022 17:03:06