Што се случува во вашето тело откако ќе престанете да пушите?

Пушењето трајно ги оштетува вашите бели дробови и драстично го зголемува ризикот од рак.

Сепак, според истражувањата, придобивките од откажувањето од оваа навика може да се забележат само по 20 минути откако ќе престанете да пушење.



20 минути

Дваесет минути откако ќе ја испушите последната цигара, пулсот ќе започне да се смирува.

Никотинот, хемикалија која создава голема зависност од тутунот, го зголемува пулсот преку стимулирање на адреналинот. Но, ефектите врз вашето срце може да бидат помали, во зависност од тоа колку години сте пушеле.

Со текот на времето, пушењето може да предизвика лузни на срцевиот мускул и да ги оштети крвните садови, што може да доведе до неправилно или забрзано чукање на срцето, познато како тахикардија.

8 часа

По осум часа, штетното ниво на јаглерод моноксид во крвта ќе се намали за половина.

Кога тутунот согорува, ослободува отровен гас. Гасот, кој нема вкус или мирис, го зазема местото на кислородот во крвта кога пушите. Како резултат на тоа, јаглерод моноксидот ги спречува вашите бели дробови да работат правилно и го принудува вашето срце да работи понапорно.

48 часа

Откако ќе се откажете од оваа навика два дена, можеби ќе бидете изненадени од тоа колку ви е повкусна храната.Тоа е затоа што вашето чувство за вкус и мирис започнува да се подобрува во рок од 48 часа.

Во тоа време, целиот јаглерод моноксид е исфрлен од вашето тело и вашите бели дробови ќе започнуваат да се чистат.

72 часа

Ако издржите 72 часа без пушење, ќе забележите дека е полесно да дишете.Тоа е затоа што вашите бронхии започнуваат да се опуштаат. Исто така, може да почувствувате дека имате повеќе енергија бидејќи нивото на кислород во крвта се зголемува.

2 недели

По две недели без пушење вашата циркулација ќе се подобри. Сето ова се сведува на хемикалиите од цигарите кои ги прават ѕидовите на вашите артерии лепливи. Масниот материјал може да почне да ги затнува вашите артерии и да го намали просторот за правилен проток на крвта.

3 месеци

По три месеци, функцијата на вашите белите дробови се зголемува до 10 проценти. Во тој период кашлицата, отежнато дишење и проблемите со дишењето започнуваат да се намалуваат.

1 година

Ако успеете да не запалите ниту една цигара цела година, ризикот од срцев удар ќе се преполови во споредба со оној на просечен пушач.

Според Светската здравствена организација, секоја година, 1,9 милиони луѓе умираат од срцеви заболувања предизвикани од тутун. Ова значи дека 1 од 5 смртни случаи од срцево заболување е пушач.

10 години

По една деценија непушење, ризикот од смрт од рак на белите дробови се преполовува во споредба со оној што го имаат пушачите.

Според добротворната организација Cancer Research, кога пушите, цигарите ослободуваат повеќе од 5.000 различни хемикалии.

Студијата од 2004 година, која анализирала 50-годишно истражување на британските лекари, покажа дека ако пушачите се откажат пред 30-тата година од животот, тие можат да избегнат повеќе од 90 отсто од ризикот да добијат рак на белите дробови. Експертите веруваат дека пушењето предизвикува најмалку 15 видови на рак.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 13.10.2022 12:59:39