Рома планира да ја заврши изградбата на новиот стадион до 2027 година

Извршниот директор на Рома, Пјетро Берарди, на градските власти им претстави студија за новиот стадион.



Клубот очекува да ја заврши изградбата до 2027 година, кога Рома ќе наполни 100 години.

Властите на Рим, пак, ветија дека ќе го анализираат предлогот и ќе им го претстават на жителите на градот. Сега Рома заедно со Лацио настапува на Олимпискиот стадион кој им припаѓа на градските власти.

Како што е забележано од „Football Italia“, немањето сопствен стадион значителни ги намалува приходите на клубовите.

Извор:  МИА
Објавена на 04.10.2022 10:09:27