Елче го отпушти тренерот Франциско по пет последователни порази

Елче го отпушти тренерот Франциско Родригез по серијата од пет порази во Шпанското фудбалско првенство.



Гол разликата на тимот во овој сегмент е 2:14. Во 7. коло Елче синоќа загуби од Рајо Ваљекано (1:2) и се наоѓа на последното место на табелата во Ла Лига со само еден освоен бод.

– Би сакале да му се заблагодариме на тренерот за неговата работа и посветеност за време на неговиот престој во клубот и напорите да обезбеди опстанок во Ла лига минатата сезона, стои во соопштението на клубот.

Четириесет и четиригодишниот Родригез го презеде водството на Елче во ноември минатата година.

Во сезоната 2021/22, тимот заврши на 13. место.

Извор:  МИА
Објавена на 04.10.2022 10:03:12