Алегри: На Јувентус му требаше убедлива победа

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри по натпреварот од 8. коло на италијанското првенство против Болоња (3:0), рече дека на тимот му е добредојдена оваа победа.



– Ми се допадна расположението и сплотеноста на тимот, освен што на крајот од првото полувреме направивме неколку грешки. Во такви ситуации требаше да се забави и повеќе да се задржи топката. Не сме победиле повеќе од еден месец, така што беше убаво да имаме јасна и убедлива победа. Сега треба да останеме фокусирани. Знаеме дека сме уште далеку и пред се треба да го вратиме настапот во Лигата на шампионите на вистинскиот пат. Не победивме цел месец и речиси не можевме да поверувам кога се вративме во соблекувалната. Треба чекор по чекор да го намалиме јазот со водечките екипи. Го можеме тоа, изјави Алегри.

Јувентус ја забележа првата победа во последните четири кола во Серија А и со 13 бода и се искачи на седмото место во поредокот.

Болоња остана на 17. место со шест бодови.

Извор:  МИА
Објавена на 03.10.2022 09:47:40