Таткото на Халанд: Сити е најдобар клуб за Ерлинг

Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд избра кариерата да ја продолжи од Борусија Дортмунд во Манчестер сити бидејќи премиерлигашот има најдобра програма за иднина, изјави неговиот татко Алф Инге во документарниот филм „Халанд, големата одлука“.



–Имаме листа на фаворити и на неа на првото место е Сити како најдобар клуб за Ерлинг. Баерн е на второто место, а број три е Реал Мадрид. Следат ПСЖ, Ливерпул, Челзи и на крајот Барселона, изјави таткото на Ерлинг, кој како поранешен фудбалер, исто така, во текот на кариерата настапуваше за Сити.

Инге обелодени дека неговиот син има желба во кариерата да настапи во сите најсилни лиги.

–Би можел во секоја од нив да пстане три, максимум четири години. Да речеме, беше две и пол години во Германија, сега нека остане толку и во Англија, па потоа Шпанија, Италија, порача таркото на Халанд.

Извор:  МИА
Објавена на 30.09.2022 16:16:15