Авторот на „The Crown“ најави пауза во снимањето

Познатата ТВ-серија на Нетфликс – ,,The Crown”, ќе направи пауза од снимањето на својата шеста сезона, како знак на почит кон починатата британска кралица Елизабета Втора, објавија британските медиуми.



Серијата-драма на авторот Питер Морган се заснова на животот, владеењето и наследството на 96-годишната кралица која 70 години ѝ служеше на Велика Британија, како монарх со најдолга власт во историјата. Елизабета Втора почина вчера во својот замок Балморал во Шкотска.

„The Crown” е љубовно писмо до неа и немам што да кажам повеќе во овој миг. Само тишина и почит“, објави Морган откако Бакингемската палата извести за смртта на кралицата.

-Очекувам и дека, од почит, ќе престанеме да снимаме некое време, додаде потоа тој.

Извор:  МИА
Објавена на 09.09.2022 11:35:07