Омнибус

Пиво ќе се пие во Скопје, но со нови датуми: Пиволенд од 03ти до 07ми септември

Големото невреме кое го зафати Скопје и околината, како и најавите за невреме и деновите кои следуваат, направија организаторите на Пиволенд 2022 од безбедносни причини да го преместат датумот за почеток на најголемиот пивски фестивал во земјата- Пиволенд 2022. Новиот датум за почеток на Пиволенд 2022 ќе биде на 03ти септември (сабота), а ќе трае до 07ми септември (среда).



Промената во датумот доведе и до промена во програмата кај музичките изведувачи. Во продолжение можете да ја погледнете новата програма со време и датуми за настап на музичките артисти на двете сцени „Main Stage“ и „Craft Stage“.

Оваа година, Пиволенд ќе понуди програма со повеќе од 50 артисти во текот на петдневниот настан, над 100 видови на пиво и забава која наговестува голема посетеност, како и можноста да се купи маичка и кригла брендирана со дизајнот на фестивалот преку која ќе се донира за здружението „Во мојот свет“.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 01.09.2022 10:13:22