Мурињо го објасни смеењето со Дибала по замената на Аргентинецот

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, зборуваше за дијалогот со напаѓачот Пауло Дибала по замената на натпреварот од 4. коло на Италијанското првенство против Монца (3:0).



Откако го замени Аргентинецот, Мурињо му пријде и почнаа да се смеат.

– Минатата сезона, кога за Јувентус играше овде, на Олимпико и беше сменет, му пријдов и му реков: „Многу си добар, момче“. И денес му го кажав истото. Се насмеавме затоа што и двајцата се сетивме на тој момент. Честопати има таленти кои се изолирани во тимот, но Пауло е голем талент кој игра со и за тимот. И покрај тоа што не е изграден да игра во одбрана, тој помага и таму, го цитира „ДАЗН“ Мурињо.

Дибала на мечот со Монца постигна два погодоци.

Рома е лидер во италијанската лига со 10 бода. Во следното коло Римјаните ќе играат на гости кај Удинезе на 4 септември.

Извор:  МИА
Објавена на 31.08.2022 08:44:38