Тухел: Не може да се победи со залагање само 20-25 минути

Тренерот на Челзи, Томас Тухел, ги критикуваше своите фудбалери за поразот од Саутемптон (1:2) во натпреварот од 5. коло на англиската Премиер лига.



– Не е доволно да играме само 20-25 минути на нивото што го сакаме за да победуваме, а ова посебно се однесува за гостувањата. Премногу лесно не исфрлат од ритам. Тоа се случи на мечот против Лидс. Треба да разбереме зошто тоа се случува и да најдеме решенија. Го губиме фокусот, го губиме нашиот план за игра и ја губиме константноста. Премногу лесно не победуваат. Многу клучни играчи се повредени, но тоа не е оправдување. Секогаш може да загубите натпревари, но на средбите каде што водите, неопходно е да реализирате барем половина од шансите. Недостигот на одговор во вториот дел беше разочарувачки. Треба да се засилиме и да играме на повисоко ниво, изјави Тухел за британските медиуми.

Челзи се наоѓа на осмото место на табелата во Премиер лигата со седум бодови.

Извор:  МИА
Објавена на 31.08.2022 08:33:44