Бензема седми стрелец на сите времиња во историјата на Ла Лига

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема постигна два гола на синоќешниот натпревар од 3. коло на шампионатот на Шпанија против Еспањол (3:1).

Така, сега на контото на 34-годишниот Французин има 222 гола на 417 натпревари во шпанската Ла Лига. Бензема го престигна Сезар Родригез (221 гол на 353 натпревари) и се најде на седмото место на листата на најдобри стрелци.

Следен пред Бензема е Алфредо Ди Стефано (227 гола на 329 натпревари).

Рекордер по голови во Ла Лига е поранешниот напаѓач на Барселона, Лионел Меси, кој има 474 гола на 520 натпревари.

Бензема оваа сезона одигра три натпревари во шампионатот на Шпанија, на кои постигна три гола и една асистенција.

Извор:  МИА
Објавена на 29.08.2022 09:00:23