Омнибус

Гром усмрти младоженец при фотографирање

Силен удар на гром уби маж за време на сликањето пред неговата свадба, во југозападна Кина.



Човекот се фотографирал со својата избраничка додека траело невреме со грмотевици. Турист кој се нашол на местото на несреќата вели дека цело попладне врнело дожд.

– Големата среќа се претвори во голема трагедија. Не можеме ни да замислиме колку е тоа болно за невестата. Можеби една секунда пред тоа, таа и нејзиниот вереник зборувале за нивната романтична свадба и со нетрпение го очекувале среќниот живот пред нив. Но, блесок од гром ги раздели!, рече очевидецот.

Жртвата била брзо пренесена вo болница, но лекарите не можеле да го спасат.

Извор:  МИА
Објавена на 29.08.2022 08:55:53