Тен Хаг: Касемиро би можел да стане лидер во Манчестер јунајтед

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг го сподели своето мислење за трансферот на Касемиро од Реал Мадрид.



– Тој ќе стане еден од играчите со лидерски квалитети. Касемиро ја знае играта и знае како да победува. Има освоено многу трофеи во текот на кариерата, па затоа е важно да имаме таков играч во тимот. Веќе имаме играчи со таков менталитет во личноста на Роналдо и Варан, изјави Холанѓанецот за „BBC Sports“.

Касемиро од Реал Мадрид се пресели во Манчестер јунајтед за сума од 70,65 милиони евра. Договорот со „црвените ѓаволи“ е до јуни 2026 година со можност за продолжување на уште една година.

Со Реал Мадрид, Бразилецот освои 18 трофеи.

Извор:  МИА
Објавена на 24.08.2022 11:02:32