Симеоне: Се надевам дека ние што сме овде ќе останеме

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне не бара оправдување за поразот (0:1) од Виљареал во недостиг на засилувања и изрази надеж дека раководството нема да дозволи заминувања.



– Знаевме дека во овие многу тесни натпревари, кој ќе погреши може да загуби. Виљареал одигра како што сака. Бевме под притисок. Не можевме да го искористиме поседот што го имавме затоа што тие се вратија назад. Со нафрлувања можевме да се заканиме, но не успеавме да постигнеме гол. Јас сум овде за да работам. Имаме квалитетен состав, се надевам дека ние што сме тука ќе останеме и ако еден си замине, ќе пристигне друг и дека ниту клубот ниту тимот нема да бидат оштетени, изјави Симеоне.

Атлетико Мадрид последните десетина години постојано е при врвот на шпанскиот фудбал и достоен конкурент на Реал Мадрид и Барселона, иако постојано се соочува со заминувања на дел од носителите на играта.

По две кола во новата сезонаод Ла лига, Атлетико има три бода.

Извор:  МИА
Објавена на 22.08.2022 12:31:12