Надал по поразот од Чориќ: Не одиграв најдобро

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го загуби првиот меч одигран по закрепнувањето од повредата на стомачните мускули. На турнирот во Синсинати (САД) Надал загуби од Борна Чориќ со 6:7 (9:11), 6:4 и 3:6.



– Тоа не беше мојот најдобар натпревар. Овој турнир традиционално е тежок за мене. Освен тоа, се враќам по тежок период. Поради ова, лесно го прифаќам овој пораз и му честитам на Борна за тоа што одигра подобро, изјави тенисерот на прес-конференција по мечот одигран ноќеска.

Надал (Хрватска) додаде дека направил премногу сериозни грешки и дека допрва треба да работи напорно и да ја врати формата.

Следен противник на Чориќ ќе биде Шпанецот Роберто Баутиста Агут.

Извор:  МИА
Објавена на 18.08.2022 11:40:58