Леброн потпиша нов договор со Лејкерс и побара од раководството засилувања во тимот

Големата НБА-ѕвезда Леброн Џејмс се обврза на соработка со Лос Анџелес лејкерс до 2025 година. За обновување на договорот кошаркарот ќе добие 97 милиони долари.



Според инсајдерот Шамс Чаранија продолжувањето на договорот го прави Леброн најплатен играч во историјата на НБА-лигата со вкупна плата во кариерата од 532 милиони долари.

Претходниот рекорд го држеше играчот на Бруклин, Кевин Дурент со 508 милиони долари.

Џејмс е во Лејкерс од 2018 година. Во 2020 година, тој му помогна на тимот од Калифорнија да ја освои својата 17. титула во НБА.

Џејмс побара од раководството да го засили тимот и да го ангажираат Кајри Ирвин. Досега Лејкерси направија само неколку аквизиции на пазарот за слободни агенти. Клубот потпиша со Демијан Џонс и Марк Брајант, Хуан Тоскано-Андерсон и Лони Вокер.

Извор:  МИА
Објавена на 18.08.2022 11:36:34