Џона Хил нема да ги промовира своите филмови поради проблеми со психичкото здравје

Американскиот комичар Џона Хил објави отворено писмо во коешто вели дека повеќе нема јавно да ги промовира своите филмови, за да поработи на своето психичко здравје.



Претстојните негови проекти се документарен филм што тој го режираше, со наслов „Текови“ (Sputz) и комедијата на Нетфликс – „Вие, луѓе“ (You People), којшто Хил го напиша заедно со режисерот Кенија Барис. Во филмов чиешто објавување е најавено за годинава, Хил ќе глуми покрај Еди Марфи, Џулија Луис-Драјфус, Моли Гордон, Мајк Епс, Наја Лонг и Дејвид Духовни.

-Преку ова патешествие на самооткривање во рамките на филмот, разбрав дека скоро 20 години доживувам напади на анксиозност, што се влошуваат со појавувањата во медиумите и настаните во коишто се соочувам со јавноста, напиша Хил пред документарецот „Текови“ да се појави на претстојните есенски филмски фестивали.

Документарецот го прикажува Хил и неговиот терапевт отворено разговараат за неговите проблеми со менталното здравје.

-Нема да ме видите како го промовирам овој филм или некој од моите претстојни филмови, додека го преземам овој важен чекор за да се заштитам себеси. Ако излегувањето на сцената промовирајќи го тоа ми наштети, нема да бидам верен ни кон себе, ниту кон филмот“, продолжи Хил.

Тој додаде дека овие чекори се важни за луѓето да ги разберат нивните проблеми појасно.

Извор:  МИА
Објавена на 18.08.2022 10:18:19