Пикантни детали од инцидентот помеѓу Анџелина и Бред: Mама не е добро! Таа е луда!

Минатото се враќа за да го прогонува Бред Пит, 6 години по инцидентот што се случи на приватниот лет кога заедно со Анџелина и децата се враќаа во Калифорнија.

Јавноста конечно има можност да го види извештајот на ФБИ во кој актерката го обвинува Пит за физички напад, а воедно и да открие детали околу тоа што се случувало меѓу нив на патувањето кое беше причина Џоли да побара развод.



Извештајот на ФБИ, кој содржи 53 страни, го доловува сведочењето на Анџелина, која вели дека патувањето во приватниот авион уште на самиот старт започнало со тензија помеѓу Бред Пит и едно од нивните деца. Сите информации сугерираат дека станува збор за Медокс, нивниот посинет син од Камбоџа.

На околу час и половина од летот, Џоли тврди дека Пит и пришол и агресивно и рекол „дојди овде“ насочувајќи ја кон задниот дел од авионот. Актерката изјавила дека Пит не изгледал пијано. Тие отишле во тоалетот, каде почнал да и вика, се вели во извештајот.

Џоли тврди дека Пит „ја фатил за глава, тресејќи ја, а потоа ја фатил за рамениците“, ја турнал кон ѕидот и викал: „Ти го уништуваш ова семејство“.

За време на оваа расправија, Пит „приближно четири пати го удрил таванот на авионот“. Додека ја отворала вратата од тоалетот, две од децата плачеле и ја прашале: „Добро ли си мамо?“

Таа клекнала за да ги прегрне, по што Пит наводно ја турнал.

-Не, мама не е добро. Таа го уништува ова семејство. Таа е луда!, викал тој.

Во записите, Џоли тврди дека испадот на Пит ги исплашил децата. Eдно од нив го навредило, па актерот се приближил кон него „како да ќе го нападне“. Анџелина реагирала така што скокнала и го фатила Пит за вратот, тој се фрлил назад и ја турнал кон седиштата, по што добила повреда на грбот и лактот.

При крајот од летот, Пит се онесвестил во задниот дел на авионот. Пред да слетаат, Џоли тврди дека отишла кај Пит за да му каже дека ќе ги однесе децата во хотел.

Бред експлодирал кога го слушнал ова, наводно велејќи: „Нема да ми ги земеш е****** деца“. Таа објаснува дека почнале да се караат, а расправијата продолжила до задната врата од авионот каде Бред ја турнал на земја.

Пит никогаш не беше обвинет по обвинувањата на Џоли. Еден од агентите на ФБИ напишал дека претставниците на обвинителството на Соединетите Држави разговарале за основаноста на оваа истрага со агентот на случајот. Било договорено од сите страни дека кривичната пријава во овој случај не би се покренала поради повеќе фактори.

Извештајот на ФБИ се појави неколку месеци откако судските документи покажаа дека анонимна жена го тужела ФБИ за информации во врска со истрагата за наводен инцидент на семејно насилство што се случил во приватен авион. Сега и повеќе од јасно е дека, анонимната жена во суштина е Анџелина Џоли, која очигледно не е задоволна од правната завршница на целиот случај. Останува непознато зошто Џоли дури сега побарала документите од истрагата на ФБИ да бидат јавно достапни.

Актерите неодамна повторно влегоа во правни битка околу заедничката винарија. Во јули 2021 година, Џоли поднесе барање за укинување на привремената забрана за продажба на нивните заеднички средства со Пит. Поточно, таа сакаше да го даде на продажба својот удел во винската компанија „Miraval Chateau Nouvel” во Франција. Во септември, Пит ѝ дозволи на својата поранешна сопруга да го продаде својот удел, под услов тој лично да го одобри купувачот.

Холивудскиот актер, потоа ја тужеше Џоли, тврдејќи дека тајно продавала акции од винаријата на „Групацијата Столи“ – компанија за алкохол контролирана од рускиот претприемач Јуриј Шефлер. Бред Пит бараше судот да го поништи договорот, но судот пресуди во корист на Анџелина.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 18.08.2022 10:14:16