Омнибус

Најскапата пица во светот чини над 10.000 евра

Најскапата пица во светот чини повеќе од 10.000 евра и се прави во Италијa. Може да се нарача во крајбрежниот град Салерно.



Пицата е наречена „Луј Тринаесетти“, а рецептот е на готвачот Ренато Виола. Дијаметарот на порцијата е 20 сантиметри, а направена е од специјални состојки… Тестото се прави со органско брашно Арабија и се посипува со розова сол од реката Мареј во југоисточна Австралија. Потоа се додаваат три вида кавијар и седум вида сирење.

За да се подготви оваа пица потребни се 72 часа.

– Се разбира, има и други состојки. Најскапи се јастозите прекриени со коњак „Луј Тринаесетти“, којшто пак, вообичаено тешко се наоѓа на пазарот, вели Виола.

„Луј Тринаесетти“ се служи со шампањ или со ликер.

Извор:  МИА
Објавена на 15.08.2022 08:39:30