Омнибус

,,KOLORRUN“ – неповторлива трка наменета за сите генерации

Љубителите на трчањето наскоро ќе имаат можност да бидат дел од еден поинаков тип на трка и забава, препознатлив и прифатен во многу градови ширум светот, а сега за прв пат и кај нас.



Станува збор ,,KOLORRUN“ улична трка, во организација на Korrunners и East Gate Mall, која што ќе се одржи на 18-ти септември во Скопје.

Трката ќе се одвива по улиците на градот, левата страна на Вардар и ќе заврши со спектакуларен финиш низ главниот ходник на East Gate Mall. ,,KOLORRUN” е одлична можност за активна забава наменета за сите генерации – групи или поединци, вработени, семејства и деца. Секој е добредојден и секој може да учествува без разлика на возрастa, полoт и физичката подготвеност.



Учесниците може да се пријават на една од 3-те трки, кои се дел од овој настан. На главната трка од 10 км ќе трчаат рамо до рамо со најдобрите македонски атлетичари. Трката на 2.5 км е резервирана зa тим билдинг, одлична можност за компаниите да ги пријават своите тимови, да се дружат и заедно да стигнат до целта, но и за индивидуалци рекреативци кои би сакале да ја доживеат оваа неповторлива трка. Најмладите пак, трчаат на 500 метри и тоа во самиот шопинг центар.

По завршувањето на трките, започнува одлична забава со голем број изненадувања и безброј награди.

Доколку сакате да се земете учество во ,,KOLORRUN“ пријавете се на следниот линк.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 28.07.2022 11:26:57