Мурињо останува незадоволен од активноста на Рома во текот на преодниот рок

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо останува незадоволен од активностa на Римјаните во текот на преодниот рок. Ова лето „римската волчица“ потпиша договор со играчот од средниот ред Немања Матиќ, дефанзивецот Зеки Челик и голманот Миле Свилар. Двајца од нив се приклучија на клубот како слободни агенти.



Запрашан од „Кориере дело спорт“ за незадоволството од дејствијата на клубот во летниот преоден рок, Мурињо се насмевна: „Дали изгледам незадоволен? Малку сум разочаран од работата на пазарот. Но, не грижете се, не грижете се“, одговори Португалецот.

Претходно беше објавено дека фудбалерот од средниот ред Николо Ѕаноло ќе си замине ова лето, а Гонсало Гуедес од Валенсија и Доменико Берарди од Сасуоло беа именувани меѓу играчите кои би можеле да им се приклучат на римјаните.

Извор:  МИА
Објавена на 12.07.2022 13:21:17