Куртоа: Претстојната сезона ќе биде најинтензивната во историјата на фудбалот

Голманот на Реал Мадрид и Белгија, Тибо Куртоа очекува најнапорна сезона во неговата кариера.



– Се радувам на новата сезона. Реал Мадрид ќе ја покаже својата најдобра страна. Тимот е многу гладен за фудбал и многу брзо се ќе започне со Суперкупот на Европа. Но, Светското првенство во Катар ќе ја направи оваа сезона најинтензивна во историјата, изјави Куртоа за „Марка“.

Минатата сезона Куртоа беше прогласен за најдобар играч во победничкото финале во Лигата на шампионите. Белгиецот одбрани девет удари кон противничкиот гол на натпреварот против Ливерпул (1:0). Оваа бројка е најдобар резултат барем од сезоната 2003/04, кога почна да се води ваква статистика.

На 10 август, Реал Мадрид ќе се соочи со Ајнтрахт Франкфурт во натпреварот од Суперкупот на УЕФА.

Светското првенство во Катар ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември 2022 година.

Извор:  МИА
Објавена на 12.07.2022 08:27:01