Баерн не преговара со Кејн

Најдобриот фудбалер на Тотенхем, Хари Кејн најверојатно нема да се пресели од Тотенхем во Баерн, иако во текот на викендот се појавија шпекулации дека клубот од Минхен може да го купи 28-годишен Англичанец во случај на заминување на Роберт Левандовски.

Сепак, според инсајдерот Фабрицио Романо, немало конкретни преговори и понуди од баварскиот клуб.

Исто така, претседателот на Спарс, Даниел Леви, спортскиот директор Фабио Паратичи и главниот тренер Антонио Конте не ни размислуваа да го продадат Кејн ова лето. Напротив, Тотенхем сака да разговара за нов договор со напаѓачот во блиска иднина.

Актуелниот договор на Кејн е до 2024 година. Капитенот на Англија минатата сезона постигна 17 гола на 37 натпревари во Премиер лигата.

Извор:  МИА
Објавена на 11.07.2022 11:58:59