Кулибали сака да ја напушти Италија доколку мора да го напушти Наполи

Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали би можел да го напушти тимот во текот на летниот преоден рок.



Според новинарот Џанлука Ди Марцио, 30-годишниот Сенегалец не сака да остане во Италија доколку го напушти Наполи.

Интерес за играчот покажуваат Челзи и Барселона. Актуелниот договор на Кулибали со Наполи е до јуни 2023 година. Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 35 милиони евра.

Во сезоната 2021/22, Кулибали забележа 34 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и три асистенции.

Извор:  МИА
Објавена на 07.07.2022 09:13:41