5 совети како до рамен стомак за кратко време

Благодарение на славните жени како Бијонси и Џенифер Лопез, облините се вратија во мода, но дебелото стомаче кое излегува од фармерките и понатаму претставува проблем. Добра вест е дека таквиот стомак најчесто нема некоја поврзаност со градбата на телото, туку со прехранбените навики и недостатокот на физичка активност, па со малку труд и силна волја можете ефикасно да го отстраните. Послушајте ги нашите пет совети и уживајте во бикини на плажа ова лето.

1. Чести оброци наместо изгладнување



Изгладнувањето и прескокнувањето на оброците доведува до чувство на глад кое потоа го лечиме со чоколади и брза храна, па затоа експертите предложуваат да се јаде почесто, но поздраво и немасно. Препорачливо е да се консумира здрав оброк на секои три до четири часа, а идеална ужина може да биде јогуртот, овошјето или јаткастите плодови.

2. Пократки, но поинтензивни тренинзи

Доколку сакате да ги отстраните масните наслаги на стомакот, долготрајното трчање нема да ви помогне. Светски познатите тренери препорачуваат пократки и поинтензивни вежби кои согоруваат многу калории и го топат салото. Прескокнувањето на јаже, кратките аеробни вежби и вежбите наменети за стомакот и грбот ќе ви помогнат да го израмните вашиот стомак за релативно кратко време.

3. Избегнувајте сол

Солта предизвикува надуеност, па затоа избегнувајте ја колку што можете повеќе. Доколку не сакате вашето јадење да биде блуктаво и без вкус, изберете црн бибер или некој друг зачин.

4. Големо НЕ за газираните пијалоци

Доколку сакате да го намалите стомакот, но и вишокот килограми, под итно отстранете ја навиката на пиење газирани пијалоци. Тие се извор на големи количини на шеќери, калории и надуеност, а немаат никаква нутриционистичка вредност. Заменете ги со вода, незасладен чај и свежо цедени сокови.

5. Вежбајте правилно

Многу е важно да пронајдете ефикасни вежби кои се наменети за деловите на телото на кои сакате да поработите и да ги изведувате редовно и правилно.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 06.07.2022 11:48:43