Ибрахимовиќ останува во Милан уште една година

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ се договорил за нов едногодишен договор со Милан, објави „Sky Sport Italia“.



Четириесетгодишниот Ибрахимовиќ ќе потпише нов договор во следните неколку дена и ќе ја намали својата плата на околу еден милион фунти годишно плус бонуси.

Ветеранот моментално закрепнува од операцијата на левото колено и најверојатно нема да може да излезе на теренот во календарската 2022 година.

Ибрахимовиќ минатата сезона забележа 27 настапи за Милан во сите натпреварувања, постигнувајќи осум гола и три асистенции.

Извор:  МИА
Објавена на 06.07.2022 09:39:21