Карлос Сантана се струполил на настап во САД

Познатиот латиноамерикански музичар Карлос Сантана се онесвести за време на настап во Кларкстон, САД. На интернет се појавија и снимки каде што се гледа како медицинскиот персонал му помага на Сантана. Додека го одведуваа вo болница, музичарот и мафна на публиката, што секако, предизвика надеж и олеснување.



Американските медиуми пренесуваат дека легендарниот 74-годишен гитарист заздравува.

Менаџерот на Сантана, Мајкл Врионис изјави за ,,CBS News“ дека на Сантана му се слошило поради „исцрпеност од горештините и дехидратација“. Тој е згрижен во блиската болница и се чувствува добро, додаде соработникот.

Неговиот настап вечерва во Пенсилванија е откажано. Инаку, Сантана деновиве ја одржува турнејата под наслов „Чудесно натприродно“.

Извор:  МИА
Објавена на 06.07.2022 09:23:35