Чус Матео нов тренер на кошаркарите на Реал

Реал Мадрид го назначи 53-годишниот Чус Матео за главен тренер до 2024 година, објави „кралскиот клуб“ на својата веб-страница.



Матео работеше во Реал Мадрид како тренер на академијата и помошник тренер од 1990 до 2004 година. Од 2014 година му беше помошник на Пабло Ласо.

Поради здравствени проблеми, Реал денес ја прекина соработката со 54-годишниот Ласо кој на почетокот на јуни доживеа срцев удар. Тренерот тврди дека здравствената состојба му дозволува да продолжи да работи, од клубот велат дека не можат да си дозволат таков ризик.

За 11 сезони на чело на Реал, Ласо освои 22 титули.

Извор:  МИА
Објавена на 05.07.2022 14:29:21