Малдини: Време е Милан да напише нова страница

Спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини ги сподели своите очекувања за почетокот на сезоната 2022/23 во Серија А.

„Миланезите“ вчера ги почнаа подготовките за новата сезона во која ја бранат шампионската титула.

– Минатата сезона беше неверојатна, одгласите на победата сè уште одекнуваат во ѕидовите на канцеларијата на клубот. Но, време е да се напише нова страница, сеќавајќи се на победата минатата сезона. Тимскиот дух се зајакна, нашите вредности им станаа појасни на сите. Засега не ни се на располагање сите играчи, но до 15-16 веќе ќе бидат тука, го цитира „ITASportPress“ Малдини.

Милан минатата сезона во 38 кола постигна 86 поени и стана шампион во Серија А.

Извор:  МИА
Објавена на 05.07.2022 10:35:18