Она што ce јаде и пие игра важна улога во намалувањето на високиот крвен притисок. А, еден вид храна особено може да помогне во справувањето со овој здравствен проблем.
– Бананата е на прво место кога станува збор за овошја што имаат способност да го намалат крвниот притисок, изјави нутриционистката Британи Дан за списанието Eat this, not that“.
Бананите се богати со калиум, што ги намалува негативните влијанија на натриумот врз телото. Калиумот, исто така, помага да се намали опасноста од мозочен удар и срцеви заболувања. Една банана содржи приближно 420 милиграми калиум, а има и голема количина на разни електролити, кои ја одржуваат работата на нервниот систем и го регулираат нивото на телесни течности.
Сепак, треба да се има на ум дека е важно да се најде средината. Премалку калиум и премногу натриум, на пример всушност го зголемуваат крвниот притисок. Возрасните треба да внесуваат 3.500 – 4.700 мг. калиум и 2.300 мг. натриум дневно.