ФИФА ќе добие уште 92 милиони долари компензација за корупциските скандали

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ќе добие дополнителни 92 милиони долари на име компензација поради загубите предизвикани од корупциските скандали во последните години, одлучи американското Министерство за правда.



Во август лани судот веќе донесе одлука да и бидат исплатени на ФИФА 201 милиони долари, а парите ќе бидат обезбедени со конфискација од лицата вклучени во корупциските скандали.

Парите ќе бидат одземени од над 50 луѓе, меѓу кои и водечките функционери на Северноамериканскиот фудбалски сојуз (КОНКАКАФ) и Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ).

– Во таа корупциска шема во игра биле големи парични износи. Овие пари што ќе бидат одземени од криминалците ќе бидат наменети за развој на женскиот фудбал, објави помошникот директор на канцеларијата на ФБИ во Њујорк, Мајкл Дрискол.

Извор:  МИА
Објавена на 01.07.2022 16:05:15