Футурама

Spotify започна со тестирање на ,,караоке режим"

Spotify тајно започна со тестирање на нов „караоке режим“ кој им овозможува на корисниците да пеат заедно со песните, а потоа им дава оценка врз основа на нивните вокални способности.



Караоке режимот се уште не е официјално објавен од компанијата, но неколку корисници споделија фотографии од новата функција на социјалните мрежи.

Од она што досега е познато, изгледа дека караоке режимот се надоврзува на постоечката функција „Lyrics“, која беше објавена минатата година и им овозможува на корисниците на Spotify да ги следат стиховите што се пеат во реално време.

Корисниците кои веќе имаат пристап до новиот режим тврдат дека копчето „Sing“се појавува во горниот десен агол на панелот за текстови.

Притискањето на копчето предизвикува исклучување на звукот на оригиналниот вокал, но музиката во позаднината продолжува да се слуша, така што корисниците можат да ги покажат своите вокални вештини.

Откако песната ќе заврши, на корисникот му се дава оценка, а воедно и мотивациска порака како „На пат сте да станете познат!“

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 29.06.2022 11:40:08