10 овошја кои го враќаат сјајот на кожата

Сите знаеме дека консумирањето на овошје и зеленчук е мошне здраво како за нашето здравје, така и за изгледот на нашата кожа. Но, дали знаевте дека определени типови на овошја имаат поголем ефект врз кожата од други?



1.Боровинки – можеби се малечки, но во суштина имаат голема нутритивна вредност. Тие се одличен извор на антиоксиданси, а освен тоа се богати со влакна и витамини А и C, кои делуваат позитивно врз кожата.

2.Јаболка - јаболката не се супер храна, но и покрај тоа делуваат благотворно врз кожата. Изберете што поцрвени бидејќи имаат поголемо количество на колаген што ја зголемува еластичноста.

3.Лубеница – летото не може да помине без лубеница и тоа е супер бидејќи истата е 90 проценти вода. Тоа значи дека освен тоа што е вкусна ја хидратизира кожата од внатре.

4.Банани – тие се еден од најдобрите извори на калиум, кој пак е мошне важен за одржување на влажноста на кожата. Ако имате сува кожа јадете што повеќе банани.

5.Ананас – во многу култури ананасот се користи во медицински цел затоа што содржи ензим наречен бромелаин. Истиот го намалува воспалението и отекувањето на кожата.

6.Јагоди – кој може да одолее на чинија јагоди? Колку повеќе јагоди јадете, толку повеќе кожата ќе ви биде благодарна. Тие содржат елагинска киселина што ги намалува брчките и штити од УВ зраците.

7.Папаја – папајата е преполна со витамин А и со ензим папаин што помага во разложување на неактивните протеини и ослободување на мртвите клетки на кожата.

8.Киви – тие се најдобриот извор на витамин C. Затоа ако сакате убава и блескава кожа потрудете се ова овошје што почесто да се наоѓа на вашата трпеза.

9.Калинки – исто како и боровинките, така и калинките се вбројуваат во таканаречената супер храна. Содржат моќни состојки против стареење кои ја стимулираат регенерацијата на кожата.

10.Цреши – имаат висока концентрација на антиоксиданси за разлика од многу други овошја. Помагаат во справувањето со слободните радикали и го успоруваат процесот на стареење.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 13.06.2022 13:21:38