Откриена врска помеѓу музиката и карактерот: Eкстровертите го сакаат Ед Ширан

Ново истражување, спроведено во повеќе од 50 земји, покажува дека музичките преференци обединуваат различни карактери од целиот свет.



Тим од Универзитетот во Кембриџ покажува колку различни пејачи и песни им се допаѓаат на слични типови на луѓе ширум светот. На пример, песната „Shivers“ на Ед Ширан им се допаѓа на екстровертите, додека невротичните момци веројатно ќе се вљубат во ,,Smells like Teen Spirit“ на Нирвана.

Зборливите луѓе имаат тенденција во плеј листата да ја имаат „What’s Going On“ на Марвин Геј или „Shallow“ на Лејди Гага и Бредли Купер. Националните граници не можат да ги спречат отворените карактери да ја слушаат „Space Oddity“ од Дејвид Боуви или нешто од Нина Симон.

Феноменот варира од Обединетото Кралство и САД до Аргентина, Индија, Данска или Јужна Африка. Без разлика каде живее совесен поединец, веројатно нема да ужива во Rage Against the Machine.

Наодите се засноваат на повеќе од 350.000 учесници од повеќе од 50 земји и шест континенти, според „Study Finds”.

– Бевме изненадени од тоа колку од овие обрасци меѓу музиката и карактерот на личноста се повторуваат низ целиот свет, истакна главниот автор д-р Дејвид Гринберг во соопштение од Универзитетот.

Психологот и музичар верува дека вистинската песна може да помогне да се надминат социјалните поделби и дека музиката има неискористени терапевтски придобивки.

– Луѓето можеби се разделени со географски, јазични и културни разлики, но ако интроверт во еден дел од светот ја сака истата музика како и интровертите на друго место, тоа сугерира дека музиката може да биде многу моќен мост, рече тој. Музиката им помага на луѓето да се разберат меѓусебно и да најдат заеднички јазик.

Студијата е прва која ги поврзува особините на личноста со музичките стилови, предвидувајќи дека екстровертноста ја храни современата весела, денс музика. Истражувачите ја дефинираат оваа карактеристика како потрага по возбуда, дружељубивост и позитивни емоции.

Совесноста – која претпочита ред и послушност – изненадувачки сака агресивни, бунтовни теми.

Врската помеѓу екстровертноста и современата музика е најсилна околу екваторот, особено во Централна и Јужна Америка. Ова може да се должи на фактот дека луѓето каде е потопла климата се поединци кои реагираат на ритмичка, танцова музика.

Д-р Гринберг, кој живее во Ерусалим, веќе ја користи музиката како мост за работа со Израелците и Палестинците. Тој неодамна одржа предавање во кое го прошири опсегот на начини на кои музиката може да ги поврзе луѓето и културите.

Извор:  МИА
Објавена на 07.06.2022 14:39:25